Линијата поминува низ две села и на периферијата од две населби
Празен, но редовен – градскиот воз е единствениот на кој може да се потпрете ако сакате без поголем проблем да стигнете од едно до друго место со македонската железница, пишува во репортажата објавена на „Призма“.

Ова е впечатокот на екипата на БИРН по половина ден минат на пероните на скопската Железничка станица и по две тури возење со градскиот воз, кој во моментов оди на само една линија – од Скопје до Зелениково и назад, со пет станици помеѓу.
Селото Зелениково е попатна станица и за ретките меѓуградски возови за Велес, Битола и Гевгелија, па затоа градскиот воз ја користи истата пруга, само што за него има посебен воз и возен ред, според кој растојанието од 25 километри во еден правец, треба да го помине за 25 минути.
Но, додека повеќето меѓуградски возови доцнеа и со часови или воопшто не тргнуваа од скопската Железничка станица за време на нашата посета, ова не беше случај со градскиот воз.
Не дека беше точен во минута, по примерот на ваквите возови по европските држави што имаат развиен железнички сообраќај, ама сепак – возеше.
За него беше резервиран перонот со број три и кинеската електромоторна гарнитура купена пред десетина години, со последната набавка на патнички возови за македонската железница.
Целата репортажа на „Призма“ е достапна на следниот линк.
