Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не би се изненадил ако неговата партија и коалиција „За обнова на Македонија“ имаат мнозинство во парламентот, кое го сочинуваат 61 пратеник.
„Сериозна ќе биде поддршката, ќе почекате за некој ден од денеска и ќе се уверите, ова не е математика, ова е чувство, ова е практично сериозна поддршка што ја добиваат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ’За обнова на Македонија‘ од граѓаните. Тоа буквално се чувствува на секој чекор. Разочараноста е огромна, тенденцијата е да има промени, да дојдат политичари кои нудат надеж, политичари кои знаат како да се справат со предизвиците, јас сум убеден во една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, па и не би ме изненадило ако имаме мнозинство во парламентот“,
вели Мицкоски одговарајќи на прашањето кои се неговите прогнози за освоени пратенички места на изборите на 15 јули.
Неговиот политички противник Зоран Заев, пак, во досегашните настапи во рамки на кампањата говореше дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ ќе победат со разлика од 50 000 до 120 000 гласа.