Упатувајќи благодарност за укажаната доверба, поддршката и можноста да биде дел од Владата, Андовски вели дека за него било чест, но и голема одговорност да ја извршува функцијата

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски објави дека поднесува оставка од фукцијата поради лични причини.
Упатувајќи благодарност за укажаната доверба, поддршката и можноста да биде дел од Владата, Андовски вели дека за него било чест, но и голема одговорност да ја извршува функцијата.
„Заминувањето од функцијата не ја менува мојата благодарност кон сите со кои работев, ниту мојата почит кон институцијата и луѓето кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните. На Владата ѝ посакувам успех во понатамошната работа и многу успеси во градењето на подобар и поквалитетен здравствен систем“,
наведува Андовски во објавата дека поднесува оставка.
Андовски беше предложен за заменик-министер во јули 2024 година. Од Владата тогаш рекоа дека тој е дипломиран економист, а истата функција ја извршувал и од 2011 до 2017 година.
