Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 година до февруари 2026 година, а жртви биле претежно возрасни и немоќни жени кои живееле сами
Во случајот се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жена успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според Обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото
Доживотна казна затвор му изрече Основниот суд во Куманово на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида за убиство на жени.
Тој е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.

Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 година до февруари 2026 година, а жртви биле претежно возрасни и немоќни жени кои живееле сами.
Првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, а второто било извршено во периодот меѓу 5 и 7 јуни истата година во селото Драгомаце.
Тој е обвинет и за убиство на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и за убиство на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.
Во случајот се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жена успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според Обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото.
Со изрекувањето на доживотната казна затвор, Основниот суд во Куманово ја заврши првостепената постапка за случајот што опфаќа четири убиства и два обида за убиство.
Бојковски на рочиште во Основниот суд Куманово на 28 септември призна три од четирите убиства кои според Обвинителството ги извршил во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година.
На рочиштето беше сослушан и форензичкиот психијатар проф. д-р Стојан Бајрактаров, кој рече дека кај обвинетиот не е утврдена душевна болест, а неговите интелектуални способности се на границата меѓу лесна ментална ретардација и нормални капацитети. Според вештачењето, тој бил пресметлив додека ги извршувал делата.
Дваесет и петгодишниот Трајче Бојковски од селото Малотино во Општина Старо Нагоричане беше уапсен на 13 февруари годинава како осомничен за убиство на 78-годишна жителка на село Челопек.
Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага за случајот, а рекоа и дека во координирани дејствија со МВР и Институтот за судска медицина веќе работат на поврзување на овој случај со неколку други слични настани.
