Протестите во Приштина се одржуваат секоја вечер од 16 септември, кога беше изречена пресудата против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа прогласени за виновни за воени злосторства извршени за време на војната во Косово
Во Приштина вчеравечер се одржа 13. протест против пресудата на Специјализираните совети на Косово во Хаг против четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Граѓаните се собраа на плоштадот „Скендербег“ и протестираа под слоганот „Не во мое име“.

Протестите во Приштина се одржуваат секоја вечер од 16 септември, кога беше изречена пресудата против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими. Специјализираните совети на Косово во Хаг им пресудија по 25 години затвор на Тачи и Красниќи, 18 години затвор на Весели и 13 години на Селими, прогласувајќи ги за виновни за воени злосторства извршени за време на војната во Косово.
Во парламентот на Косово вчера беше усвоена декларација со која се изразува длабока загриженост во врска со првостепената пресуда на Специјализираните совети на Косово во Хаг и се отфрла како неприфатлив заклучокот дека постоела заедничка криминална намера кај ексводачите на ОВК.
Минатата недела Демократската партија на Косово предложи законски измени со кои би се ограничила надлежноста на Специјализираните совети на Косово во Хаг, би се скратил периодот на кој се однесуваат предметите, а максималната казна би изнесувала 15 години. Предложените измени предвидуваат и казните да се издржуваат во Косово, како и можност за помилување на осудениците од претседателот на државата.
