Тие сакаат да склучат договор и мислам дека тоа е во ред. И јас сакам да склучувам договори, но таков договор не е прифатлив, вели Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, објави Си-Ен-Ен. Како што пренесува медиумот, Трамп на новинарско прашање за иранскиот план, порачал дека предлогот е неприфатлив.
„Тие сакаат да склучат договор и мислам дека тоа е во ред. И јас сакам да склучувам договори, но таков договор не е прифатлив“,
оценува Трамп.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи претходно соопшти дека Техеран доставил нов предлог до САД со кој би се овозможило повторно отворање на стратешки важниот морски премин и обновување на преговорите меѓу двете земји. Арагчи не ги откри конкретните услови, но посочи дека не станува збор за ништо повеќе од она што било предвидено во Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, потпишан во јуни.
„Доколку се исполнат неопходните услови, теснецот може повторно да биде отворен, а нормалниот поморски сообраќај да биде воспоставен во рок од седум дена. Изборот сега е на Соединетите Американски Држави“,
изјави Арагчи во Њујорк, каде што престојуваше по повод Генералното собрание на Обединетите нации.
