Во меѓувреме, Иран нуди договор за седумдневно отворање на Теснецот. Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот Теснец е означен како „Трампов Теснец“, откако претходно предложи стратешкиот воден пат да биде именуван по него.
Мапата е објавена на „Трут Сошл“. Трамп претходно предложи Теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.
Во меѓувреме, Иран ѝ нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот Теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја ѝ предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на Теснецот во рок од една недела.
Арагчи смета дека тоа би можело да се реализира „доколку се исполнат неопходните услови“ и наведе дека тие се содржани во Меморандумот за разбирање потпишан во јуни.
Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.
