На прашањето дали МОН може да помогне со субвенција за меѓуградскиот превоз поради зголемени цени на билетите, таа рече дека и таа иницијатива, кога ќе стигне во МОН, ќе биде разгледана и ќе биде одговорено во рамките на буџетските можности
Треба да се направи анализа за да се види дали има можност за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска по најавата на студентските организации дека до МОН ќе достават иницијатива за зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк, која во моментов изнесува 140 денари.

„Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите како и досега, и ќе одговориме во рамките на нашите можности. Ќе треба да се направи анализата и потоа ќе им одговориме и на студентите и јавно“,
рече Јаневска при посетата на Машинскиот факултет по повод Европската ноќ на истражувачите.
На прашањето дали МОН може да помогне со субвенција за меѓуградскиот превоз за студентите што патуваат секој ден поради зголемени цени на билетите, Јаневска одговори дека и таа иницијатива, кога ќе стигне во МОН, ќе биде разгледана и ќе биде одговорено во рамките на буџетските можности.
