Епицентарот на земјотресот е регистриран во соседна Грција
Земјотрес вчеравечер бил почувствуван во југозападните делови на земјава – во Битола, Ресен и околината.

Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вчеравечер во 22:18 часот.
„Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Грција, на околу 120 километри југозападно од Скопје“,
соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.
