Со рана во градниот кош и во критична состојба, момчето беше примено во болница вечерта на 31 август и итно оперирано. Речиси еден месец подоцна, 13-годишникот во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите
Почина 13-годишното момче кое ноќта на 31 август беше рането за време на тепачка во скопски Чаир.

Со рана во градниот кош и во критична состојба, момчето беше примено во болница вечерта на 31 август и итно оперирано. Речиси еден месец подоцна, 13-годишникот во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.
Во тепачката во скопски Чаир на крајот на август годинава учествуваа две групи млади лица. Тројца од учесниците во тепачката, меѓу кои и 13-годишното дете, беа повредени. Осомничени во случајот беа 19-годишник и неговиот 13-годишен брат.
Обвинителството покрена истрага за случајот и наведе дека осомничениот 19-годишник заедно со својот малолетен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност, извршиле насилство, нанесувајќи им повреди на три лица, од кои две малолетни. На 19-годишникот му беше одреден 30-дневен притвор.
