За утре се најавува дека по ведрото и постудено утро, во текот на денот време ќе биде претежно сончево, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец

Сончево време со мала до умерена облачност прогнозираат метеоролозите за денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе биде од 3 до 12 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 15 до 24 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќесе движи од 9 степени наутро, до 22 во текот на денот.
За утре се најавува дека по ведрото и постудено утро, во текот на денот време ќе биде претежно сончево, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се движи од 18 до 26 степени.
