До крајот на неделата, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни
Денеска во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на температурите, ќе биде посвежо и ветровито, а во западните планински региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Се очекува умерен до засилен, а наместа, особено долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец, кој ќе дува со брзина од 60 километри на час.

Утринската температура ќе се движи во интервал од осум до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово, каде, според синоптичарите, се очекува да бидат измерени 15 Целзиусови степени, а за 10 степени потопло ќе биде во Гевгелија.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно, свежо и ветровито со сончеви период и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град се очекува да се искачи до 22 Целзиусови степени.
До крајот на неделата, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне, синоптичарите најавуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни.
