„Пациентот беше еден од двајцата што беа потешко болни, со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар“, изјави денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана
Според него, во моментов на Клиниката за инфективни болести има 11 хоспитализирани пациенти, од кои еден е со потешка клиничка слика. Последниот прием на заболено лице од западнонилска треска на Инфективна било во саботата, на 19 септември
Уште едно лице почина како последица на заболување предизвикано од вирусот на западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Станува збор за 66-годишен пацинет од Куманово, кој на Клиниката бил хоспитализиран пред 28 дена со тешка клиничка слика и бил ставен на механичка вентилација. Како што информира директорот Цана, пациентот имал и други придружни болести.
Инаку, ова е деветти смртен случај како последица на болеста што ја предизвикува вирусот западен нил.
„За жал, во текот на викендот е регистриран уште еден летален исход кај пациент со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска. Станува збор за 66-годишен пациент, кој беше хоспитализиран на Клиниката вкупно 28 дена и се третираше во Одделот за интензивно лекување. Пациентот беше еден од двајцата што беа потешко болни, со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар“,
изјави Цана.
Според него, во моментов на Клиниката за инфективни болести има 11 хоспитализирани пациенти, од кои еден е со потешка клиничка слика. Од почетокот на појавата на тешки форми на западнонилска треска, на Клиниката, како што соопшти директорот, биле примени вкупно 66 пациенти.
Последниот прием на заболено лице од западнонилска треска на Инфективна било во саботата, на 19 септември, информира директорот.
