Фрчкоски во видео на Фејсбук пак го обвинува Лефков дека има проблем со алкохол и дрога. Според него, пратеникот и неговата партија се поврзани со лица што се занимаваат со трговија на наркотици
Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска во видеообраќање преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека денеска по електронски пат ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) против Јов Фрчкоски, член на Извршниот одбор на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), за обвинувањата дека користел дрога и алкохол.

Ваквиот развој на настаните следи во период на јавна преписка меѓу Лефков и Фрчкоски во која меѓусебно се обвинуваат за употреба на наркотични средства.
Претходно, Фрчкоски ги обвини пратеникот и неговата партија дека се поврзани со лица што се занимаваат со трговија на наркотици.
Лефков бара надлежните институции да испитаат што стои зад јавно објавенните фотографии и изјавата на Фрчкоски „Си пробал? Те сликале“.
„Со пријавата, барам да се испита евентуалното постоење на дејствија опфатени со членовите 215 и 216 од Кривичниот законик, како и дали постојат основи за примена на членот 364, непријавување кривично дело од тебе или од твои блиски. А за твоите клевети Јон. Категорично. Немам слабост ниту кон алкохол, ниту кон наркотици. Никогаш не сум користел наркотични средства и тоа е факт. А мојот најважен тест се моето семејство и моите пријатели. Ако мислиш дека сум направил кривично дело, повели, пријави ме“,
вели тој во видеообраќањето на Фејсбук.
Пратеникот вели дека Фрчкоски се користи со клевети, како и дека постои суштинска разлика меѓу нив во однос на преземањето одговорност за јавните изјави и постапки.
„Јон, има суштинска разлика помеѓу мене и тебе. Јас за моите зборови и постапки стојам јавно и одговорно. И токму тоа очигледно ви пречи. Ти и оние малкумина кои застанавте околу Филипче се искршивте плукајќи и клеветејќи, мислејќи дека така ќе се вратите на власт и ќе продолжите да користите наркотици по канцеларии. Тоа нема да ви го дозволи народот Јон, не јас. А ти, од друга страна, со своите постапки самиот се компромитираш. И наместо да дадеш одговори, продолжуваш со истото. Си пробал? Те сликале. Тоа не се мои зборови. Тоа се твои зборови. Затоа, Јон, да знаеш, вистинскиот предизвик се институциите“,
му порача Лефков на Фрчкоски.
Во продолжение на обраќањето, Лефков вели дека обвинувањата од страна на Фрчкоски веќе не ги глада како тема за социјалните мрежи, туку како прашање за надлежните институции.
„И да бидам јасен, за крај, со оваа Влада нема играчки. Ако институциите утврдат дека има кривично дело и одговорни лица, ќе има одговорност пред закон. А по твоите настапи, виде, Јон, гледам дека дилерите се ретчат. Јон доаѓа тешко време за оние што живеат со и од пороците. Од денеска, за мене ова не е фејсбук тема. Од денеска, ова е тема за институциите“,
заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Фрчкоски во видео на Фејсбук, пак, го обвинува Лефков дека има проблем со алкохол и дрога.
„Ако не се сеќаваш, мораш да го намалиш пиењето. Стар си бре и за други работи. Миле, сега на сите им е јасно, не само што имаш проблем со алкохолот, туку и со дрогата. Ај што имаш ти, туку веројатно и половина од вашата банда. Миле, нема бегање од вистината“,
вели Фрчкоски.
Потоа, повторно се осврна на предизвикот до Лефков за заедничко тестирање за наркотични средства. Порача оти ќе се тестира сам, а резултатите ќе ги објави јавно.
„Јас бев млад, згрешив, но тебе на твои години не ти доликува. А бидејќи ветив дека ќе одам со тебе, еве ветувам дека ќе одам сам. За да не биде дека само зборував, знаејќи дека ти не смееш бидејќи на тестот сè се гледа.
кажа тој.
Ти се јавувам наскоро, Миле, со резултатите, оние на кои ти не смееш да отидеш“,
