Споредено со септември минатата година, вредноста на синдикалната минимална кошничка е зголемена за 4 355 денари
Минималната синдикална кошничка за септември изнесува 69 432 денари – покажаа пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со минатиот месец, кога изнесуваше 68 675 денари, вредноста на синдикалната кошничка за септември е зголемена за 757 денари.

Според пресметките на ССМ, на едно четиричлено семејство во септември 2026 година му се потребни 25 259 денари за храна и пијалаци, што е 36,4 проценти од целата синдикална минимална кошничка. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец, кошничката за септември изнесува 84 807 денари.
„Во септември 2025 година синдикалната минимална кошница изнесуваше 65 077 денари. За само една година, потребниот минимален месечен буџет е зголемен за 4 355 денари“,
велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
