Според најавата на УХМР, од вторник се очекува променливо облачно време и пад на температурите за 7 до 10 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и нестабилност.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 24 до 33 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен ветер. Во делови од котлината попладне ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 32 степени.
Според најавата на УХМР, утре ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени послаби врнежи од дожд. Од вторник, пак, се очекува променливо облачно време и пад на температурите за 7 до 10 степени.
