„Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, војниците, оружјето се подготвени“, изјави во саботата највисокиот генерал на Алијансата, адмирал Џузепе Каво Драгоне, по сè почестите предупредувања од европските лидери за можна руска ескалација во Европа
НАТО е подготвена да одговори на евентуална руска ескалација на источното крило на Европа, изјави во саботата највисокиот генерал на Алијансата, адмирал Џузепе Каво Драгоне.

„Алијансата е подготвена, структурата е подготвена, војниците, оружјето се подготвени. Сојузниците се подготвени во случај на ескалација. Во случај на напад, знаеме како да постапиме“,
изјави Драгоне пред новинарите за време на редовниот состанок на 32. највисоки генерали на Алијансата.
Тој додава дека НАТО-Алијансата продолжува да работи на зголемување на овие сили, како во однос на бројноста така и во однос на софистицираноста.
Ваквите изјави доаѓаат по сè почестите предупредувања од европските лидери за можна руска ескалација во Европа. Полскиот премиер Доналд Туск во четвртокот изјави дека Москва би можела да испрати беспилотни летала или ракети кон земја членка на НАТО во следните неколку месеци како дел од исценирана провокација за да се тестира Алијансата – ризик на кој подоцна укажаа и Франција и Холандија.
