Од ЦУК велат дека во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани 13 пожари на отворено, од кои 12 се изгаснати

Тринаесет пожари на отворено биле регистрирани во текот на изминатото деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До 7:30 часот утринава активни пожари нема, а под контрола е еден. Останатите пожари се изгаснати.
Од ЦУК велат дека под контрола е пожарот кај селото Белица во Општина Македонски Брод, а кој се шири кон Јасен во Општина Сопиште. Во овој пожар гори нискостеблеста и мешана шума.
Изгаснатите ожари биле во повеќе делови од земјата каде гореле дабова шума, сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа и ѓубре.
