Под контрола е пожарот кај селото Белица, во местото викано Кајорец на територијата на Општина Македонски Брод, кој е проширен кон Јасен во Општина Сопиште, како и огнената стихија во близина на селата Рапеш и Маково во Општина Новаци
Вкупно 16 пожари биле регистрирани на територијата на државата во изминатото деноноќие, од кои два се под контрола, а 14 се изгаснати, се вели во утринскиот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што информиратат оттаму, заклучно со 7:30 часот утрово, во земјава нема активни пожари.
Под контрола е пожарот кај селото Белица, во местото викано Кајорец на територијата на Општина Македонски Брод, кој е проширен кон Јасен во Општина Сопиште, како и огнената стихија во близина на селата Рапеш и Маково во Општина Новаци.
Во изминатите 24 часа протипожарните служби успеале да се справат со пожари кои биле регистирани во скопските Општини Сарај, Бутел и Илинден, како и во Велес, Неготино, Струга, Охрид, Валандово, Струмица, Кривогаштани и Крушево.
На овие места, според извештајот на ЦУК, претежно горела ниска вегетација, нискостебелста шума, ѓубре и депонија.
