Според најавите на синоптичарите, до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на дневната температура
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Според најавите на синоптичарите, до сабота ќе се задржи стабилно време.
Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе има опаѓање на дневната температура.
