Хашим Тачи и Јакуп Красниќи добија затворски казни од по 25 години, Кадри Весели е осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими доби казна затвор од 13 години. Специјализираниот совет на Хаг успеал да утврдил дека четворицата поранечни водачи на ОВК не извршиле никакви злосторства против човештвото, но дека се одговорни за воени злосторства со незаконско апсење на најмалку 385 лица
Покрај Хашим Тачи, Специјализираниот совет на Хаг ги осуди на повеќегодишни затворски казни и останатите тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, прогласувајќи ги за виновни за воени злосторства извршени за време на војната во Косово.

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи добија затворски казни од по 25 години, Кадри Весели е осуден на 18 години затвор, а Реџеп Селими доби казна затвор од 13 години. Специјализираниот совет на Хаг успеал да утврди дека четворицата поранечни водачи на ОВК не извршиле никакви злосторства против човештвото, но дека се одговорни за воени злосторства со незаконско апсење на најмалку 385 лица.
Советот утврдил дека помеѓу април 1998 и јуни 1999 година, во 12 општини во Косово и еден округ во Албанија, членовите на ОВК презеле дејствија што довеле до убиство на 96 лица кои не учествувале активно во војната.
Одговорноста на четворицата обвинети е индивидуална, но утврдено е дека дејствувале заедно и постигнале договор за заедничка криминална цел – основале притворски установи, им доделувале улоги и позиции на други лица за да ја постигнат таа цел и обезбедиле целосна неказнивост за сторителите на злосторствата. Прогласени се за виновни за воени злосторства поврзани со незаконско приведување, сурово постапување, тортура и убивање.
Утврдено е дека Хашим Тачи одиграл клучна улога и дал значителен придонес во постигнувањето на заедничката криминална цел, именувал лојални поединци на командни позиции во ОВК, одржувајќи ја контролата врз Ослободителната војска на Косово и обезбедувајќи целосно и ефективно спроведување на планот.
И Јакуп Красниќи, според Специјализираниот совет на Хаг, дал значителен придонес во постигнувањето на заедничката кривична цел, поттикнувајќи извршување на кривични дела против лица кои се сметале за противници. И покрај сознанијата за значителен број кривични дела, особено за нелегални притворања, злоупотреби и убиства, Красниќи не презел никакви чекори за да ги спречи или казни сторителите.
Според Советот во Хаг, екскомандантот Кадри Весели учествувал во извршувањето на кривичните дела, поттикнувал нивно извршување и дејствувал заедно со останатите обвинети во постигнувањето на заедничката криминална цел, а Реџеп Селими како член на Генералштабот на ОВК одиграл клучна улога во воспоставувањето на оперативните зони, кои редовно ги посетувал.
Пресудата е првостепена и обвинетите имаат право на жалба.
