Пријавите се однесуваат на незаконски издадено одобрение за градба во Мислешево
Против поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е поднесена нова кривична пријава поради несовесно работење во службата. Според пријавата, тој за време на градоначалничкиот мандат незаконски потпишал одобрение за градење катастарска парцела во струшко Мислешево.

Покрај Мерко, кривични пријави за случајот се поднесени и против А. Б. (50) од Струга и Н. Р. (57) од струшко Поум кои како советник во Секторот за урбанизам и помошник-раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението го издале спротивно на Законот за градење.
