Прва дестинација на Мицкоски и на владината делегација ќе биде Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк, каде што ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации
На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, како што најави во синоќешното интервју за во централниот Дневник на МРТ 1, ќе има средби со голем број државници кои веќе се потврдени, а фокусот, како што посочи, ќе бидат оние со претставници од земјите во соседството, но, додаде, ќе бидат направени обиди и за билатерални средби со делегации од земји од Персискиот Залив
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска со владина делегација заминува за Соединетите Американски Држави (САД), каде што е предвидено да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција ДФЦ, со државници и со влијателни тинк-тенк организации.

Прва дестинација на Мицкоски и на владината делегација ќе биде Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации.
На маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, како што најави во синоќешното интервју во централниот Дневник на МРТ 1, ќе има средби со голем број државници кои веќе се потврдени, а фокусот, како што посочи, ќе бидат оние со претставници од земјите во соседството, но, додаде, ќе бидат направени обиди и за билатерални средби со делегации од земји од Персискиот Залив.
„Во принцип, се ориентиравме на соседството, се разбира, тука е оној прием, нормално, од страна на претседателот на САД. Ќе се обидеме да имаме билатерални средби и со земји од Заливот, каде што цениме дека треба да градиме добри и солидни партнерски врски“,
рече тој.
Прашан дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент немаат таква средба во план.
На дополнително прашање со каков став ќе настапи македонската делегација на тој состанок во однос на условот на Бугарија за уставни измени и нашата позиција за гаранции, Мицкоски рече дека Владата околу ова прашање води јасна политика и не ја менува својата позиција преку ноќ.
„Ние ставовите не ги менуваме инстант или преку ноќ, зашто кога градиме став, тоа е процес што долго трае. Антиципираме сè што можеме во тој момент, така што нашите ставови се повеќеслојни, не се ставови што ад-хок ги градиме, па по потреба ги менуваме. Не правиме такви естрадни потези, водиме јасна политика која нуди гаранции на подолг рок. Тоа е стратегијата што ја има оваа vлада“,
кажа премиерот.
Инаку, премиерот во неодамнешно интервју за американскиот портал „Брајтбарт“, говорејќи во контекст на економската соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави (САД), Стратешкиот дијалог и преговорите за царините меѓу двете земји, изјави дека се надева оти за време на посетата на САД ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа или на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
