До крајот на оваа работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот

Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 7 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 30 степени.
И во Скопје денеска ќе има претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 11 степени наутро до 28 во текот на денот.
За утре се најавува слично време на денешното – сончево со мала до умерена облачност. На некои места во северните делови од земјата ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде од 23 до 29 степени.
До крајот на оваа работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот.
