Според Управата за хидрометеоролошки работи, и во текот на претстојната седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот, со температури кои ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината
По вчерашниот дожд кој денесе пад на температурите за неколку степени, денеска во земјава се очекува да преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, кој наместа, а особено долж Повардарието повремено ќе засилува и ќе достигне брзина од над 50 километри на час.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово, каде се очекува да бидат измерени 21 степен, а најтопло во Гевгелија.
Слично време синоптичарите најавуваат и во Скопје, каде ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на претстојната седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот, со температури кои ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.
