Видеото на својот официјален фејсбук-профил го сподели премиерот Христијан Мицкоски, кој напиша дека тоа не бил само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија, на нејзината независност и на сите генерации кои ја граделе и ја чувале државата
Светски познатио француски диџеј и продуцент Дејвид Гета денеска објави видеоколаж од неговиот спектакуларен концерт на градскиот стадион во Скопје, со кој беше заокружена прославата на Денот на независноста на 8 септември.

Во видеото, објавено на неговите профили на социјалните мрежи, се прикажни моменти од неговото пристигнување на аеродромот во Скопје, каде дојде директно од Ибица, атмосферата на стадионот, реакциите на воодушевување од дел од присутните, како и исечоци од неговиот настап пред 50 000 посетители.
Своите впечатоци од настапот во Македонија, диџејот ги споделува возејќи се во автомобил.
„Да не ти се верува. Убав, фин вторник, со неколку пријатели, а ваму 50 000 публика! Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50 000 луѓе на концерт на стадион! Тотално лудо! Ни за момент не помислував дека толку убаво ќе си поминам во Скопје“,
вели Гета во видеото.
Дел од пораките тој ги сподели со публиката и на самиот концерт.
Видеото завршува со натпис: „Благодарам Македонија“.
David Guetta _ In Macedonia with a few friends 🙂↕️What an awesome night Together we made this the biggest show ever held by an international artist in the c
— Glenn Edwin Official (@glennedwin44648) September 12, 2026
➡️ link in bio🔗https://t.co/Qy4jj5ZPpOhttps://t.co/cv4ONwXt8b pic.twitter.com/meDYl9FwTf
Него на својот официјален фејсбук-профил го сподели премиерот Христијан Мицкоски, која напиша дека тоа не бил само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија, на нејзината независност и на сите генерации кои ја граделе и ја чувале државата.
„Благодарност до сите што беа дел од оваа прекрасна вечер и што заедно покажавме дека кога славиме за Македонија, славиме со срце, гордост и достоинство. Нека ни е вечна и независна Македонија, а ваквите моменти нека нè потсетуваат колку многу можеме кога сме заедно“,
вели Мицкоски.
