Акцијата ја спроведе Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО ГОКК
Приведен е помошник-директор во Царинската управа, затекнат како прима претходно обележани парични средства во износ од 17 500 евра, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата ја спроведе Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР во координација со надлежен јавен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
По целосно документирање на случајот, од полицијата велат дека ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
