Тој на денешната прес-конференција изјави дека за прославата биле потрошени вкупно пет милиони евра пари на граѓаните, преку Акционерското друштво „Државна лотарија“, кое е во целосна државна сопственост. Ова, како што рече Филипче, е во спротивност со тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека за настаните по повод Денот на независноста не бил птрошен ниту еден денар од буџетот на државата
Според него, спорна е и постапката преку која бил избран организаторот на настанот. Тој тврди дека „Лотарија“ распишала јавен повик, а не класична тендерска постапка. На ваков начин, смета, можно е да имало прекршување на Законот за спонзорства
Голема проневера на пари. Вака претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, го нарече проектот за организирање на прославата на 35 години од незавиноста на државата. Тој на денешната прес-конференција изјави дека за прославата биле потрошени вкупно пет милиони евра пари на граѓаните, преку Акционерското друштво „Државна лотарија“, кое е во целосна државна сопственост.

Ова, како што рече Филипче, е во спротивност со тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека за настаните по повод Денот на независноста не бил пoтрошен ниту еден денар од буџетот на државата.
„Секој ден на виделина излегува по некоја нова лага на премиерот Христијан Мицкоски. Ова што се случи со проектот за прославата на независноста, како и во многу други сценарија и други случаи, е една голема проневера на пари. Прво лагата на премиерот, што веќе не е чудо, секој ден се разобличува по една негова лага, парктично арамискиот концепт на владеење на оваа власт, а тоа е како што изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту денар народни пари. И веднаш потоа поради тоа што не можат да се кријат лагите премногу долго време, можете да лажете за да дојдете на власт, можете на почетокот на мандатот да лажете за да останете на власт, меѓутоа тоа не можете да го правите вечно поради тоа што граѓаните се свесни и не се наивни и трпат од лошите политики на оваа власт, одлуката на Владата излезе на виделина“,
рече Филипче.

Одлуката за одделување пари од Државна лотарија за организирање на настаните по повод прославата на Денот на независноста, како што кажа тој била донесена на 167. Седница на Владата. Во тој контекст, претседателот на СДСМ уште посочи дека станува збор за компанија која е 100 проценти во сопственост на државата и парите со кои располага се пари на граѓаните, а не на приватни компании.
„Зошто беше потребата премиерот да лаже иако е тоа веќе трк во неговото однесување и да кажува дека не се потрошени ниту еден денар народни пари за оваа прослава“,
додаде Филипче.
Според него, спорна е и постапката преку која бил избран организаторот на настанот. Тој тврди дека „Лотарија“ распишала јавен повик, а не класична тендерска постапка. На ваков начин, смета, можно е да имало прекршување на Законот за спонзорства. Праша зошто во постапката биле поканети само домашни компании, а не и странски, како и врз основа на кои критериуми била избрана компанијата што го организирала настанот.
Дополнително, рече Филипче, спорна е евалуацијата на целата постапка која била направена од комисија составена од надворешни членови. Според лидерот на СДСМ, не се знае кои се луѓето што ја сочинувале таа комисија, ниту врз основа на кои критериуми е доделена обаа набавка на компанијата што го организирала настанот.
„Притоа само неколку месеци претходно таа иста компанија добила пари од Државна лотарија за други активности, но никој не знае за кои и какви. Па може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа“,
рече Филипче.
Другото прашање што го постави лидерот на СДСМ, повеќе во реторичка смисла, е зошто парите од дивидендата на Лотарија не биле наменети за субвеници за земјоделците, за здравството, за инфраструктурата на некои училишта, за мерки за загрозена категорија на граѓани.
„Зошто дел од парите не се наменеле да се зголемат пензиите, зошто не се наменеле за зголемување на минималната плата, туку се дале за некоја ексклузивна прослава во којашто, нашето второ прашање, не се знае кој колку од луѓето што учестувале во таа прослава земале точно пари. Се знае само вкупната сума на пари од 5 милиони евра“,
рече претседателот на СДСМ.

Тој на крајот рече дека како партија бараат Владата да го објави записникот од 167 седница на Владата и да јавно и гласно да ја информира јавноста за критериумите, одлуките и целокупната документација поврзана со издвојувањето и трошењето на, како што рече, народните пари, за прославата.
„Владата да даде одговор кој и колку средства добил за организацијата на настанот и кој од тие што учествувале колку пари земал од Државна лотарија која е во стопроцентна сопственост на државата“,
кажа Филипче.
