Партијата ја поврза одлуката со одбивањето на Н1 Александар Вучиќ да ја претстави изборната листа на нејзината програма. Телевизијата потсетува дека побара СНС да испрати друг претставник

Српската напредна странка (СНС) одби да им овозможи на новинарите од Н1, Нова С, „Данас“ и „Радар“ да ја следат изборната ноќ од нејзиниот штаб, објави Н1.
Телевизијата повеќепати побарала акредитација по електронска пошта, но не добила одговор. Одлуката ја соопштила Владaнка Маловиќ, задолжена за информирање во СНС, во одговор до ТВ Нова. Повикувајќи се на одлуката Вучиќ да не ја претставува листата во програмата на медиумската група, таа порачала дека присуството на наведените редакции „не е опција“.
Н1 ја покани СНС да ја претстави својата изборна листа, а партијата го предложи Вучиќ. Редакцијата го одби предлогот, наведувајќи дека тој со години ги одбивал нејзините покани и ги навредувал новинарите, и побара друг претставник.
Н1 соопшти дека останува подготвена за разговор со Вучиќ по изборите, кога редакцијата ќе оцени дека има повод за гостување. Вучиќ и Ана Брнабиќ ја нарекоа таквата уредувачка одлука „фашистичка“.
На денешните парламентарни избори во Србија досега е забележана голема излезеност. Според ЦРТА, до 16 часот на гласање излегле 56,4 отсто од запишаните избирачи. Сепак, од ЦРТА наведуваат дека како што изминува изборниот ден, расте и бројот на неправилности и инциденти.
