Бараат на сите манифестации, при доделувањето на гради и во државните програми да се обезбеди правична и соодветна застапеност на Албанците, во согласнот со принципот еднаквост и Охридскиот мировен договор
Касами ги отфрли тврдењата на ДУИ за исклучување на Албанците од државните настани, но и при доделувањето на наградите „8 Септември“ и порача дека застапеноста не може да се мери со фиксни бројки на кој било даден настан или област
Од Демократската партија за инеграција (ДУИ) преку соопштение реагираат на изјавите на еден од копретседателите на Влен, Биљал Касами и градоначалник на Општина Тетово, во врска со присуството на Албанците на државните манифестации и при доделувањето на државните награди.

Оттаму сметаат дека изјавата на Касами дека „понекогаш може да има помалку или повеќе“ Албанци на манифестациите, као и при доделувањето државни награди, е обид да се релативизира нивното исклучување.
„Кога Албанците се отсутни виновни се комисиите. Кога се бара еднаква застапеност, власта се крие зад оправдувања. Ова не е еднаквост. Ова е етичкото пред етничкото“,
се вели во партиската реакција.
Од ДУИ бараат на сите манифестации, при доделувањето на гради и во државните програми да се обезбеди правична и соодветна застапеност на Албанците, во согласнот со принципот еднаквост и Охридскиот мировен договор.
„Албанците не бараат привилегии, туку реална еднаквост и почит кон нивниот придонес во државата. Кога Албанците се исклучени, тоа не е ‘понекогаш помалку‘. Тоа е дискриминација“,
додаваат од партијата.
Претходно, Касами ги отфрли тврдењата на ДУИ за исклучување на Албанците од државните настани, но и при доделувањето на наградите „8 Септември“ и порача дека застапеноста не може да се мери со фиксни бројки на кој било даден настан или област.
„Постојат комисии што вршат проценки врз основа на апликации и барања, но секако има настани кога ќе има или имало повеќе Албанци. Ние не ги гледаме посебните настани како нешто што нужно мора да има одреден број заедници. Значи, во согласнот со посветеноста и придонесите што заедниците ги даваат во одредени области, понекогаш може да има помалку или повеќе. Ова знали дека на друга награда, на друг настан, верувам дека Албанците ќе бидат повеќе застапени“,
рече Касами.
Според ДУИ, за време на одбележување на 35-годишнинатат од независноста, албанскиот јазик е целосно занемарен и игнориран на државните манифестации. Оттаму велат и дека на распределбата на државните награди „8 Септември“, меѓу добитниците нема ниту едно албанско име.
