Екипа на „360 степени“ денеска беше на местото на пукањето во Дуќанџик, каде освен траги од крв на улицата и тротоарот, не се забележуват други видливи остатоци од инцидентот
Во моментот кога нашата екипа беше на терен, на местото немаше присуство на полициски екипи
Траги од крв утрово сведочат за синоќешното пукање во населбата Дуќанџик, во кое животот го загуби 26-годишник од Скопје.

Екипа на „360 степени“ денеска беше на местото на пукањето во Дуќанџик, каде освен траги од крв на улицата и тротоарот, не се забележуват други видливи остатоци од инцидентот.
Во моментот кога нашата екипа беше на терен, на местото немаше присуство на полициски екипи.
Инаку, пукањето се случило на само неколку метри од основно училиште и верски објект-џамија.
На околу 300 метри местото на инцидентот се наоѓа и полициската станица Бит-пазар.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил синоќа по 23 часот, додека во близина на раскрсницата со улиците „Свети Прохор Пчињски‘ и „Војдан Чернодрински“ стоеле група од петмина скопјани, кога им се приближиле две лица на мотоцикл, кои почнале да пукаат кон нив со огнено оружје, по што се дале во бегство.
Еден од испуканите проектили го погодил 26-годишниот А.М. од Скопје, кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Клиничкит центар во Скопје, каде подоцна починал.
Ова се фотограиите што екипа на „360 степени“ ги направи од местото на пукањето:
