Инцидентот се случил на улица додека група од петмина скопјани стоеле пред излог на фирма, кога им се приближиле две лица на мотоцикл, кои пукале со огнено оружје кон нив, по што побегнале
Еден од испуканите проектили го погодил 26-годишниот А. М. од Скопје, кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите
Убиен е 26-годишник во пукање што половина час пред полноќ се случи во скопски Дуќанџик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Инцидентот се случил на улица додека група од петмина скопјани стоеле пред излог на фирма, кога им се приближиле две лица на мотоцикл, кои пукале со огнено оружје кон нив, по што побегнале.
„На 06.09.2026 година околу 23:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека во близина на расксницата на улиците ‘Свети Прохор Пчињски‘ и ‘Војдан Чернодронски‘ во Скопје, додека Д. Г. (29), А. Џ. (24), К. Б. (36), Е. Б. (25) и А. М. (26), сите од Скопје, стоеле пред изгод на фирма, застанал мотоциклист на кој имало дбе лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство“,
се вели во полициското соопштение за настанот.
Еден од испуканите проектили го погодил 26-годишниот А. М. од Скопје, кој со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Засега не откриваат дали се идентификувани напаѓачите, ниту што е мотивот на пукањето.
