Од фотографиите на Ројтерс направени веднаш по несреќата се гледа како авионот со предниот дел лежи на земјата, додека опашката му е во воздух. На десната страна од авионот се забележува дел зафатен од пожар
Најмалку пет лица загинаа откако товарен авион на „Амазон“ се лизна од пистата при слетување на аеродромот во Мајами и удри во неколку возила, соопштија американските медиуми.
Во несреќата се повредени и хоспитализирани уште пет лица, од кои тројца се наоѓаат во критична состојба.
Според првичните информации, најмалку две лица биле во возилата во кои удри авионот.

На местото на несреќата се испратени повеќе од 60 спасувачки екипи и околу 200 членови на службите за итни случаи.
Иако аеродромот ги прекина сите летови веднаш по несреќата, две од четирите писти се повторно отворени.
Според податоците од Федералната администрација за воздухопловство, станува збор за „боинг 767-300“, кој полетал од Сан Хуан, Порторико.
Авионот бил управуван од карго авиокомпанијата „21 ер“ за „Амазон“, потврдија оттаму, додавајќи дека сè уште собираат информации за тоа што се случило.
„Соработуваме со локалните власти и служби за да утврдиме точно што се случило. Во овој момент приоритет се безбедноста, благосостојбата и грижата за сите вклучени во овој настан“,
соопштија од „Амазон“.
Федералната администрација за воздухопловство соопшти дека ќе ја истражи несреќата.
Од фотографиите на Ројтерс направени веднаш по несреќата се гледа како авионот со предниот дел лежи на земјата, додека опашката му е во воздух. На десната страна од авионот се забележува дел зафатен од пожар.
Ова не е првпат авион што лета за „Амазон“ да биде вклучен во фатална несреќа.
Во февруари 2019 година, товарен „боинг 767-300“, на авиокомпанијата „Атласер“, леташе за „Амазон“ на рутата од Мајами до Хјустон, при што почна да губи висина и се урна во Тринити Беј. Во несреќата имаше тројца загинати.
WATCH: Second angle shows the Prime Air Boeing 767 cargo plane on fire with heavy black smoke after overshooting the runway at Miami International Airport. pic.twitter.com/YQ6U0csGfg
— Scope Report (@ScopeReport_) September 6, 2026
