Под контрола се пожарите кај селата Кнежино и Добреноец, како и кај селото Тајмиште во Општина Кичево, пожарот кај селото Копаница во Сарај, како и тие кај градската депонија во Делчево и меѓу селата Руѓинце и Орах во Старо Нагоричане
Изминатото деноноќие се регистрирани 42 пожари, од кои по пет се активни и ставени под контрола, а 32 се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, а активно горење на шума има и на територијатавна Косово.
Пожар има и на местото викано Рамно во селото Брест во Општина Чучер-Сандево на Скопска Црна Гора.
Во Општина Струга има пожар кај селата Буринец, Локов и Селце.
Во Македонски Брод кај селото Белица, а во Брвеница кај селото Милетино.
Под контрола се пожарите кај селата Кнежино и Добреноец, како и кај селото Тајмиште во Општина Кичево, пожарот кај селото Копаница во Сарај, како и тие кај градската депонија во Делчево и меѓу селата Руѓинце и Орах во Старо Нагоричане.
Изгаснати се 32 пожари на различни локации низ државата, како во општините Петровец, Гази Баба, Чучер-Сандево, Ѓорче Петров, Сарај, Теарце, Кратово, Куманово, Липково, Берово, Штип, Струга, Кичево, Долнени, Битола, Новаци, Гевгелија, Ново Село, Струмица, Крушево, Охрид и Градско.
