„Пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме четири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика што ја водиме“, рече министерот за транспорт Александар Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ „Сител“ рече дека македонскиот авиосообраќај бележи значителен раст, а бројот на патници кои ги користат скопскиот и охридскиот аеродром за само две години е двојно зголемен.
Тој потенцираше дека годинава се очекува бројката на патници да надмине или да биде близу четири милиони.
„Кога ние бевме избрани, пред само две години, некаде околу два милиони патници имаа двата аеродроми, оваа година ќе поминеме четири. Тоа е резултат на една исклучително мудра политика која што ја водиме, не само на субвенционирање, туку генерално на начин на работа на двата аеродроми. Се вложи многу, во моментов многу вложуваме на охридскиот аеродром, за многу брзо време ќе има многу убави вести. Така што, ако нешто ми дава уште поголема мотивација да работам, тоа е развојот на авиосообраќајот“,
рече тој.
