Од МВР велат дека нема повредени лица и оти пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население

Триесет и осумгодишен маж од Македонски Брод е приведен откако бил пријавен во полиција дека вчера предизвикал пожар во селото Брезница.
Од полицијата велат дека пожарот бил предизвикан додека М.Т. ја косел тревата во близина на својата куќа во селото Брезница при што дошло до искрење од бензинскиот тример, а огнот потоа се раширил и на соседните имоти.
„На 5.9.2026 полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода М.Т. (38) од Македонски Брод, постапувајќи по пријава дека на 5.9.2026 околу 10:00 часот предизвикал пожар во с. Брезница, Македонски Брод, така што од искрење на бензински тример за косење, во близина на неговата куќа во с. Брезница, настанал пожар кој се проширил кон соседните имоти“,
соопшти МВР.
Од МВР велат дека нема повредени лица и оти пожарот е изгаснат од екипа од ЈП „Национални шуми“ и локалното население.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
