Двајцата мажи се во стабилна состојба и се префрлени со авион во болница во Катманду

Две лица се спасени утрово од тунел за хидроелектрана, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4 000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, пишува „Гардијан“.
Според портпаролот на армијата, бригаден генерал Раџа Рам Баснет, работниците биле спасени за време на тековната операција во тунелот за хидроенергија во една од областите најтешко погодени од смртоносните поплави во Непал минатата недела. Тие беа спасени од длабочина од 170 метри во тунелот, потврди Баснет
Двајцата мажи се во стабилна состојба и се префрлени со авион во болница во Катманду, соопштуваат официјални лица.
Опишувајќи им го искуството на спасувачите, едниот од спасените мажи рекол дека бил во контролната соба на тунелот во времето на поплавата.
„Бидејќи бев во контролната соба, моја одговорност беше да ги спасам животите на сите. Обично имало само пет или шест луѓе таму, но во тоа време мора да имало околу 40 до 45 луѓе внатре. По таква несреќа, не можев само да избегам сам. Морав да ги спасам сите. Додека се обидував да ги извлечам сите, им кажав дека имало голема несреќа на браната и ги повикав сите да бегаат. Правејќи го тоа, изгубив време. На крајот, не можев сам да излезам“,
опишал едниот од спасените.
त्रिशूली-3A मा जलविद्युत् आयोजनाको सुरुङभित्रबाट दुई जना व्यक्तिको जिवितै उद्धार #NepaliArmy #नेपालीसेना #BhotekoshiFlood pic.twitter.com/PLiOsN7KjM
— Nepali Army (@NepaliArmyHQ) September 4, 2026
За да се смири во темнината на тунелот, тој рекол дека го поминувал времето пеејќи мантри и оти додека бил заробен во тунелот, комуницирал само со тројца или четворица други.
Непалскиот министер за комуникации Бикрам Тимилсина изјави дека официјалните лица се надеваат дека ќе бидат спасени повеќе работници.
„Чекаме спасување на сè повеќе луѓе“,
напиша Тимилсина на социјалните медиуми.
Повеќето хидроенергетски проекти по должината на реките Бхоте Коши и Тришули беа уништени кога глечер се урна високо на Хималаите, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави.
Според агенцијата за управување со катастрофи на земјата, најмалку 1 259 луѓе загинаа во поплавите, а повеќе од 5 000 се водат како исчезнати.
Спасувачките напори се повеќе се фокусираат на тунелите за хидроенергија, каде што властите веруваат дека работниците можеби преживеале повеќе од една недела поради воздушни џебови.
Досега, повеќе од 270 луѓе се спасени во неколку проекти.
