До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 30 до 35 степени.
И за Скопје метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро, до 34 во текот на денот.
Утре се очекува да има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 28 до 36 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
