Во описот за случајот се вели дека осомничениот со својот малолетен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност, презеле дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Во инцидентот полесно е повредено уште едно дете
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара да се определи мерка притвор за 19-годишник осомничен дека извршил насилство во скопската населба Чаир.

Покрај тоа, како што информираат од Обвинителството, донесена е и наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен дека сторил кривично дело насилство.
Во описот за случајот се вели дека осомничениот со својот малолетен брат, кој е под законската граница за кривична одговорност, презеле дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им нанеле тешки телесни повреди со убоди од нож. Во инцидентот полесно е повредено уште едно дете.
„Во јавноста и кај присутните лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Случајот денеска го коментираше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочувајќи дека има петмина приведени во врска со настанот во кој малолетник е прободен со нож во пределот на срцето од негов врсник во скопски Чаир.
Смета дека пораката од овој инцидент е страшна, додавајќи дека насилните кривични дела извршени од малолетници претставуваат сериозен предизвик, не само за државата туку и за голем број развиени земји.
Дека момчето се наоѓа во критична состојба денеска потврди и министерот за здравство Сашо Клековски.
„Детето е оперирано вчера. Има директен убод во срцето и се наоѓа на интензивна нега. Се наоѓа во критична состојба“,
рече министерот за здравство.
