Трите споени неработни денови поради празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, очекувано предизвикаа застој на граничните премини со соседна Грција за влез во државата

Недела навечер се претвори во долго чекање на граница за многумина што продолжениот викенд го поминаа кај нашиот јужен сосед Грција.
Трите споени неработни денови поради празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, очекувано предизвикаа застој на граничните премини со соседна Грција за влез во државата.
На сцијалните мрежи бројни се реакциите на домашни и странски туристи кои се враќаат од викендот поминат во некое од познатите одморалишта, најчесто на грчките плажи. Граѓаните споделуваат видеа и фотографии од километарски долгите колони за влез во Македонија.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека ги преземаат сите потребни мерки, со спроведување на задолжителните гранични проверки, како и дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници.
„На граничниот премин ‘Дојран’ во изминатите 24 часа влез во државата оствариле 2 876 македонски државјани, а излез оствариле 1 181 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период влез во нашата држава оствариле 1 593, а 908 лица ја напуштиле нашата држава“,
соопшти МВР.
Од МВР велат дека за истиот временски период на граничниот премин “Богородица” влез во државата оствариле 2 040 македонски државјани, а излез оствариле 3 116 македонски државјани. Бројот на странските државјани кои во истиот период влегле во нашата држава, според информациите на МВР, изнесува 7 632 патници, a ја напуштиле нашата држава 4 280 лица.
Од АМСМ информираа дека на некои граничмни премини се бележи зголемена фревенција на возила.
