Истовремено, пожарот што е активен на падините на Националниот парк „Пелистер“ се гасне и од копно. Во акцијата учествуваат ресенските и битолски пожарникари, како и огнените тимови на Дирекцијата, неколку „пинцгауери“ и „ертрактори“
Воздухопловниот ВИНГ денеска беше ангажиран во гаснењето на пожарот во месноста Макази на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен, соопштија денеска на фејсбук-профилот на Армијата на Република Северна Македонија.

„Хеликоптерот Ми-8МТ реализираше тричасовен налет. Беа исфрлени 14 прптовпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта“,
се вели во соопштението од Армијата.
Истовремено, пожарот се гаснел и од земја во координација со екипите од терен.
Од Армијата велат дека хелокоптерот е подготвен и за понатамошна воздушна поддршка во гаснењето на пожарот, во согласност со состојбата и потребите на теренот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов денеска рече дека најтежок и најкомплексен за гаснење во земјава е пожарот што вчера попладне избувна од преспанската страна на Пелистер и се шири кон Националниот парк „Пелистер“.
Иако во текот на ноќта била воспоставена одредена контрола врз пожарот, сепак, со затоплувањето во текот на денот, повторно се појавиле нови жаришта и чад на повеќе позиции.
Во гаснењето учествуваат ресенските и битолски пожарникари, како и огнените тимови на Дирекцијата, неколку „пинцгауери“ и „ертрактори“.
Посочи дека рано утрово во гаснењето се вклучил и армиски хеликоптер со ведро од три тони, кој со прецизно исфрлање вода изгаснал неколку критични точки.
