Нема повредени бидејќи автобусот сообраќал без патници
Според првичните информации, причина за пожарот е дефект на електричната инсталација во автобусот
Изгаснат е двокатниот автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ што денеска се запали кај видиковецот на Водно. Во неговото гаснење учествуваа седум пожарникари со две противпожарни возила, соопшти за „360 степени“ командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Пожарот избувнал додека автобусот се движел, но поради присебноста на возачот е избегнато ширење на околната вегетација.
„Возачот брзо реагирал. Го паркирал на безбедно со цел да спречи ширење на пожарот на околината“,
вели Томевски.
Нема повредени бидејќи автобусот сообраќал без патници.
„Причинета е материјална штета на возилото“,
додаде тој.
Според првичните информации, причина за пожарот е дефект на електричната инсталација во автобусот.
Од запалениот автобус, на падините на Водно се издигаше густ црн чад, кој беше видлив од повеќе делови на Скопје.

Инаку, станува збор за двокатен автобус на ЈСП, кој сообраќа на линијата 25 до Средно Водно.
