Според првичните информации, автобусот се запалил кај видиковецот на Водно. Скопските пожарникари го гаснат огнот, а засега наводно нема опасност тој да се прошири кон околната вегетација. Нема информација дали во автобусот имало патници

Двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ гори кај видиковецот на Водно, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Пожарот во автобусот е причината за густиот црн чад што се издига над падините на Водно и е видлив од повеќе делови на Скопје.
Според Ангелов, скопските пожарникари веќе интервенираат и се очекува пожарот набргу да биде изгаснат. Во моментов нема опасност огнот да се прошири кон блиската вегетација.
„Според податоците што ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП. Скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат. Засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација“,
вели Ангелов.
Засега нема информации дали во автобусот имало патници, дали можеби има повредени лица и што го предизвикало пожарот.
