Во Крива Паланка наврнало 30 литри дожд на метар квадратен, во Струмица наврнале 18, во Виница 13, во Берово осум, во Тополчани шест, во Битола три, а по еден литар дожд на метар квадратен наврнале во Радовиш и Крушево

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека во повеќе делови од земјава синоќа имало локално невреме, а најмногу дожд наврнало во Крива Паланка – 30 литри на метар квадратен.
Според измерените податоци што го објави УХМР, во Струмица наврнале 18 литри на метар квадратен, во виница 13, во Берово осум, во Топочани шест, во Битола три, а по еден литар дожд на метар во Радовиш и Крушево.
Како што дознаваме, во некои делови невремето било проследено со силен ветер што откорнал и искршил дрвја и покриви.
Како што соопшти УХМР, времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 36 степени.
