Според УХМР, во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.
Според УХМР, во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во текот на новата работна седмица времето ќе се задржи сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.
