За безобѕирно управување со возило се приведени 43 лица, и тоа – двајца за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и двајца поради претходно изречена забрана за возење
Вкупно 1 621 казни за сторени сообраќани прекршоци се издадени во изминатите три дена – информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од вкупниот број регистрирани прекршоци, 456 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

За безобѕирно управување со возило се приведени 43 лица, и тоа – двајца за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и двајца поради претходно изречена забрана за возење.
Во истиот период се евидентирани 385 прекршоци за неправилно паркирање, изречени се 28 санкции за возење под дејство на алкохол, а одземени се и 19 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.
„Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 159 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 105 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 17 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а седум заради техничка неисправност. Санкционирани се и четири возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“,
велат од МВР и додаваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови.
