Од МВР информираат дека СМС-известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк од следниот формат “https://safecountry.mvr.gov.mk“

Фишинг-напади кои се изведуваат преку лажни СМС-пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи регистрирале од Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради тоа, од МВР апелираат до граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци.
Лажните пораки, додаваат од МВР, наводно пристигнуваат од „оддел за моторни возила“ како известување од системот „Безбеден град“ и во нив е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.
„Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки“,
велат од МВР од каде додаваат дека официјалните институции и компании користат службени домени.
Сите сомнителни пораки граѓаните треба да ги пријават кај надлежните институции или во надлежната банка.
Од МВР информираат дека СМС-известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото што направило прекршок и линк од следниот формат “https://safecountry.mvr.gov.mk...”
„Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами“,
велат од полицијата.
