На терен во моментов се пожарникари од скопската противпожарна бригада. Интервенираат со две противпожарни возила. Присутна е и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упати во правец кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
Пожар утринава избувна во куќа во скопско Козле.

Од куќата на улицата „Јуриј Гагарин“ е видлив густ чад кој излегува од прозорците.

На терен во моментов се пожарникари од скопската противпожарна бригада. Интервенираат со две противпожарни возила. На местото е присутна и екипа на Итната медицинска помош, која по интервенцијата се упати во правец кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Пријавата за пожарот во полиција стигнала во 7:52 часот утринава.
„Денеска (18.08.2026) во 07:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ‘Јуриј Гагарин’ опожарена е куќа. Во тек е гасење на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита“,
соопштија од МВР.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
