„Со овој потег овозможивме хеликоптерот, наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина, со што на секои три до четири минути истура тон вода врз критичните точки од пожарот“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, објави дека е поставен монтажен базен на територија на Општина Македонски Брод за поефикасно гаснење пожар на тешко пристапен терен.
Ангелов вели дека сега хеликоптерот што дејствува на терен може да полни вода на секои три до четири минути.
„Заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот на тешко пристапен терен над селото Драгов Дол, Општина Македонски Брод, наместивме монтажен базен во непосредна близина на пожарната линија и на реката Треска. Со овој потег овозможивме хеликоптерот, наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина, со што на секои три до четири минути истура тон вода врз критичните точки од пожарот“,
соопшти ДЗС.
Ангелов упати благодарност до 25-те доброволни пожарникари кои се дел од модулот за шумски пожари на ДЗС, петте оперативци на ДЗС кои работат со нив и до професионалните пожарникари од Македонски Брод кои неуморно со денови се борат со огнот на терен.
