Арбен Џафери беше основач и прв претседател на Демократската партија на Албанците
Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, денеска го посети гробот на Арбен Џафери, по пвоод 14-годишнината од неговата смрт.

„По тој повод, тој положи свежо цвеќе и му оддаде почит на ликот на Арбен Џафери, една од најважните личности на албанската политика во Северна Македонија“,
се наведува во фејсбук-објавата на ДПА.
Арбен Џафери беше долгогодишен политичар и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Тој е основач и прв претседател на Демократската партија на Албанците, која ја водеше до 2007 година. Џафери е еден од потписниците на Охридскиот рамковен договор. Почина на 15 август 2012 година.
